Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанија со рекордна невработеност од над 25%

Шпанија со рекордна невработеност од над 25%
Стапката на невработеност во Шпанија во третото тромесечје порасна на рекордни 25,02%,  што е првпат од средината на 70-тите години. Како што објави Заводот за статистика, стапката на невработеност се зголеми за 0,4 процентни во однос на претходното тромесечје, а без работа се 5,8 милиони луѓе. Најновите бројки создадоа дополнителен притисок врз владата во Мадрид, која се бори да го стави под контрола буџетскиот дефицит и со тоа да ги исполни барањата на Европската комисија. Европската унија има повисока стапка на невработеност само во Грција. Финансирање на потребите на Шпанија за оваа година главно се покриени, а трошоците за задолжувањата се намалија значително од август, кога Европската централна банка вети дека ќе почне да купува шпански државни обврзници откако земјата и официјално побара помош. Мерките за штедење, во вредност од повеќе од 60 милијарди евра за периодот до 2014 година, најверојатно дополнително ќе го забават растот, а тоа ќе доведе до загуба на повеќе работни места. Шпанската влада за оваа година предвидува економскиот пад од 1,5 отсто, а за следната година 0,5 проценти.
Слично

Поврзани вести