Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шпанија презема итни мерки: Го намалува ДДВ-то за електрична енергија, гас и гориво за ублажување на кризата

Шпанија презема итни мерки: Го намалува ДДВ-то за електрична енергија, гас и гориво за ублажување на кризата

Шпанскиот Конгрес одобри кралски декрет-закон со кој се планира да се издвојат повеќе од пет милијарди евра за ублажување на економските последици од конфликтот на Блискиот Исток.

Декретот предвидува намалување на ДДВ-то за електрична енергија, гас и гориво, намалување на даноците за јаглеводороди, суспензија на посебен данок за производство на електрична енергија и бонус од 20 центи по литар гориво за професионалните возачи, објави EFE.

Шпанскиот министер за економија, Карлос Куерпо, рече дека декретот ќе ги „заштити граѓаните и ќе ги подготви“ за непосредните последици од конфликтот, а воедно ќе го зајакне енергетскиот суверенитет на земјата.


Декретот доби поддршка од владејачките партии, додека опозициските сили изразија критики за недостатокот на контрола на цените и потребата од дополнителни мерки за социјална заштита.

Повеќето бензински пумпи во земјата почнаа да го применуваат намалувањето на данокот, а понатамошното спроведување на мерките се очекува во наредните недели.


Фото: Принтскрин/Икс
Слично

Поврзани вести