Шопингот поефтин во Бугарија отколку во Србија?
Потрошувачката корпа со 60 артикли во Софија е за 10% поефтина отколку во Ниш, Србија.
Разликите во цените на производите се движат од 8 до 15%. Пресметките покажуваат дека е поисплатливо да се купува во Софија, макар да се вклучат тука и трошоци за гориво, патарини и слично. Експертите велат дека Србија е во ваква ситуација затоа што во земјата има монополи.
„Причина за тоа е што на пазарот во Софија последниве години доаѓаат нови компании, додека во Ниш нивниот број се намалува. Потрошувачите најдобро се штитат со јака конкуренција, а во Србија тоа го нема“- вели Бобан Стојановиќ, претседател на Друштвото на економисти во Србија.
Истражувањето покажало дека во Ниш има само неколку артикли кои се поефтини за разлика од Софија, но севкупно Софија нуди поефтини производи.
Слично
