Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шопинг треска во Турција - туристите го користат падот на лирата

Шопинг треска во Турција - туристите го користат падот на лирата

Во Турција туристите го искористија падот на лирата, затоа што тоа одеднаш ја зголеми нивната куповна моќ.

Пред луксузните продавници на Шанел и Луј Витон во истанбулскиот кварт Нишанташи имало редици од претежно арапски туристи кои чекаат, за ја искористат кризата со турската национална валута, која само во петокот ја намали својата вредност за 18 проценти. Лирата го достигна историскиот минимум од над седум турски лири за долар.

„Ние купуваме облека, шминка, брендови“- вели  Фатима Али од Кувајт, која го посетува градот со своите две ќерки. 

Оваа жена додава дека цените се многу ниски. 

Лирата загуби над 40 отсто од својата вредност во однос на доларот оваа година. 

Слично

Поврзани вести