„Шопинг лудило“ - Чесите навалија во Полска
Чесите ги „окупираа“ дуќаните во Полска.
Владата во Варшава привремено го укина ДДВ-то за повеќе основни продукти, а чешките медиуми тоа го опишуваат како „шопинг лудило“. Многу Чеси во Полска ги полнат и резервоарите на своите автомобили, затоа што Варшава привремено го намали и данокот на горивата од 23 на 8 отсто. Од 1-ви февруари некои од основните продукти, како што се лебот, месото и млечните производи, се ослободени од плаќањето на данокот на додадена вредност, мерка којашто би требало да биде на сила во следните шест месеци. Мерката беше одговор на остриот раст на цените. Стапката на инфлацијата достигна 8,6 отсто во декември, во однос на истиот месец претходната 2020 година. Последен пат ваква навалица за шопинг во соседна земја имаше кога падна турската лира. Бугарите тогаш навалија на шопинг во Едрене.
