Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шоле: Настојувањата да се повлечат признавањата на Косово се губење време

Шоле: Настојувањата да се повлечат признавањата на Косово се губење време

Отпризнавањата се губење време, велат од Вашингтон. 

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле говореше за повлекувањето на признавањето на Косово. 

„Настојувањата да се повлечат признавањата на Косово во меѓународната заедница се губење време и енергија“, вели тој.

Шоле објасни дека состојбата на Косово и во Република Српска не е иста. Наведе дека САД се загрижени поради влијанието на Русија на Балканот. Изјави дека Москва во Украина го покажала вистинското лице и дека целиот свет би требало да се обедини против Русија.

Србија настојува што повеќе земји да го повлечат признавањето на Косово. 

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ вели дека на државите им објаснуваат дека не треба да го поддржуваат сепаратизмот. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести