Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шокот од Брегзит уште ги тресе Германците

Шокот од Брегзит уште ги тресе Германците

Расположението кај германските инвеститори делумно се оправви после Брегзит шокот, но и понатаму постои загриженост покажуваат истражувањата.

Центарот за европски економски истражувања соопшти дека неговот индекс на економско расположение пораснал за 7,3 поени во август во однос на јули, со што е во позитивна територија од 0,5 отсто, но и понатаму е далеку под долгорочниот просек од 24,2 поени.

Претседателот на Центарот Ахим Вамбах рекол дека тој индекс покажува „делумно“ опоравување после Брегзит шокот, но дека политичките ризици во ЕУ и на други места, заедно со загриженоста за банкарскиот сектор во ЕУ, „продолжува да ја кочи оптимистичката економска перспектива во Германија“.

Процената на инвеститори на сегашната економска ситуација е подобрена за 7,8 поени за Германија и за 2,1 поен за еврозоната, додека паднала за 19,9 поени за Велика Британија.

Слично

Поврзани вести