Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шокантен повик за грчките протести - Доаѓаат комитите

Шокантен повик за грчките протести - Доаѓаат комитите

Националистите и неофашистите во Грција изработија шокантен постар со кој го повикуваат народот да излезе на протестот закажан за 4 февруари со навредлива содржина. На постерот пишува „Комитите ни се пред врата. Ѝ требаш на Македонија. Сега сите заедно“. 

Протестот е поддржан и од свештеници на грчката црква, а продолжува жестокиот говор на омраза против Република Македонија. Грчките националисти ќе се соберат на плоштадот „Синтагма“, а најавено е и присуство на анархистите кои посочија дека се можни судири и инциденти.

Грчката јавност се окупира со темата дека не треба да се дозволи во новото име кое ќе биде дел од решението за спорот да стои терминот „Македонија“.

Слично

Поврзани вести