Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шокантен пад на цените на нафтата: За колку потонаа ?

Шокантен пад на цените на нафтата: За колку потонаа ?

Цените на нафтата се на пат на загуби и оваа недела, веќе петта по ред, па во последните месец дена потонаа повеќе од 20 отсто.

Се очекува и следните дена цената на нафтата да биде под притисок.

Од почетокот на неделата цените на барелот на американскиот пазар се лизна за 2,4 отсто, на 61,65 долари, додека на лондонскиот пазар потонала 2,8 отсто, наведува агенцијата Хина, пренесе Index.hr. 

Иако утрово цените се релативно стабилни, аналитичарите велат дека е можен понатамошен пад на цените бидејќи нурнале во подрачјето на „мечките“.

Од август до почетокот на октомври цените на нафтата силно растат, достигнувајќи највисоко ниво во скоро четири години, бидејќи вложувачите се плашеле од остар пад на извозот на нафта од Иран, со оглед на тоа дека САД најави укинување на санкции на иранскиот нафтен сектор.

Меѓутоа, во последните пет недели цените на нафтата се под притисок бидејќи се покажло дека иранскиот извоз нема да падне онолку колку што инвеститорите се плашеле, иако на почетокот на ноември санкциите стапиле на сила.

Слично

Поврзани вести