ШОК ЗА ТУРИСТИТЕ ВО ТУРЦИЈА: Цените на храната и пиjaлоците се зголемија
Во турскиот град Бодрум ја продаваат водата за 15 лири, иако Министерството за туризам не го дозволува тоа.
Нема да дозволиме опортунисти да ги искористат предностите затоа што во турските летувалишта во моментов има огромен број туристи, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Ерсој.
Ерсој посочи дека има информации во медиумите дека во Бодрум мало шишенце вода се продава во кафулињата крај плажите за 10-15 турски лири, а лахмаџун се продава за 70 фунти.
„Таквите работи ја убиваат иднината на туризмот. Отсега натаму нема да дозволиме тоа повеќе да се случи"- вели Ерсој за агенцијата Анадолија.
Бројот на странските туристи ќе продолжи да се зголемува наредните сезони, но целта на Министерството за култура и туризам не е само зголемување на бројот на туристите, туку и зголемување на приходите во туризмот, истакна Ерсој.Цените угостителите ги зголемиле поради падот на лирата.
Слично
