Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОК ЗА ЕВРОПА: Пресуши најголемото наоѓалиште на гас!

ШОК ЗА ЕВРОПА: Пресуши најголемото наоѓалиште на гас!

Холандското гасно наоѓалиште Гронинген, најголемото наоѓалиште на природен гас во Европската унија, останува без резерви, соопштија холандските власти.

Проценките се дека за 17 години ќе биде целосно исцрпено. 

„Со холандскиот природен гас е речиси завршено. Откако во 1959 е откриен природен гас во Гронинген, искористивме околу 80 отсто од нашите резерви. Доколку обемот на експлоатација остане ист ќе останеме без гас за 17 години“, изјави главниот економист на холандското статистичко биро Питер Хајн ван Милиген, пренесе Франс прес.

Падот на цената на природниот гас и одлуката на холандските власти да ја намалат експлоатацијата во северната покраина исто така доведе до значаен пад на профитот од гас, додава овој економист.

Холандската влада во 2013 години заработи 13 милијарди евра од природен гас, а минатата заработи дури пет милијарди евра.

Властите во јуни најавија дека производството од Гронинген ќе се намали за дополнителни 11,1 отсто во наредните пет години, но кончената одлука поврзана за тоа прашање се очекува во октомври.

После Норвешка, Холандија до 2014 година беше втор најголем извозник на природен гас во западна Европа, додека приходите од природен гас чинеле 2,6 отсто од вкупните буџетски приходи на земјата, соопшти статистичкото биро.

Слично

Поврзани вести