ШОК ВО ХРВАТСКА-неотповиклива оставка на лутиот управник на Агрокор
Анте Рамљак, претставник на хрватската влада за Агрокор, за хрватскиот вечерњи лист, потврди дека поднел неотповиклива оставка.
На Владата и препуштил да комуницира за сите одлуки за неговото заминување од челната позиција на вонредната управа, како и понатамошни чекори во продолжение за управување со кризата во компанијата.
Таа информација е објавена доцна синоќа, а претходно во текот на денот е објавено како Рамљак ја понудил својата оставка. Меѓутоа, се покажало дека Рамљак всушност поднел оставка и тоа неотповиклива, наведува N1 Hrvatska.
Во Владата во вторникот вечерта траеле повеќе часовни разговори помеѓу премиерот Андреј Пленковиќ и претставникот на доверителите на Агрокор и Рамљак.
Медиумите пишуваат дека разговорот помеѓу премиерот и Рамљак воопшто не бил поволен, а сега екс вонредниот управник поднел оставка разочаран и лут на Владата и на ХДЗ. На неговата оставка се спротивставиле претавници на доверителите.
Хрватски Index потетува дека пред неколку дена објавил документ кој јасно покажува дека Анте Рамљак истовремено бил владин претставник и вработен во Texo Management, и тоа во првите и клучни дваесет дена кога таа мала консултантска компанија договорила бизнис од најмалку 12 милиони куни годишно.
Неговата важност е токму во тоа што докажува дека не само што во Агрокор му е осигурана работата на неговата поранешна фирма, туку и на фирмата во која тогаш бил вработен.
