Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шок од ударот на Полска со новиот контроверзен данок на Банките

Шок од ударот на Полска со новиот контроверзен данок на Банките

Новиот контроверзен данок во Полска кој се воведува во банките претставува закана не само за банкарскиот сектор, туку и за целокупниот раст на оваа членка на ЕУ.

„Новиот данок може да го загози растот на кредитирање, бидејќи ја намалува акумулацијата на капитал на банките, што негативно ќе се одрази на економијата на Полска, резултирајќи со бавно темпо на раст на бруто домашниот производ“, предупред американската рејтинг агенција Мудис, пренесе Франс прес.

Новиот данок, според проценките на Мудис, ќе го чини банкарскиот сектор во Полска околу 4,4 злота (милијарда евра) годишно, што одговара на процентот од 32 одсто годишна заработка на банките во период од јануари до октомври 2015 година.

Агенцијата за рејтинг, исто така предупреди дека „падот на нето профитот ќе ја намали и способноста на банките да ги апсорбираат шоковите“.

Овој данок кој би требало да стапи на сила во февруари, од банките во Полска бара годишно да плаќаат 0,44 одсто данок на сопствена актива.

Воведувањето на данок на работата на банката било едно од предизборните ветувања на конзервативната Полска партија Право и Правда која во октомври лани однесе мнозинска победа на изборите. Тогаш е соопштено дека целта на оваа мерка е собирање на средства за финансирање на социјални програми, меѓу кои е и детски додаток.

Ваквиот потег кој го планира Полска, како и палењето на знамето на ЕУ, се окарактеризирани во медумите како „будење“.

Слично

Поврзани вести