Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШОК: Хакери ја урнаа берзата на биткоинот-пад на вредноста!

ШОК: Хакери ја урнаа берзата на биткоинот-пад на вредноста!

Главната биткоин берза со седиште во Хонг Конг го запре тргувањето, бидејќи хакери наводно украле 65 милиони долари виртуелни валути.

Тоа предизвика пад на вредноста на таа дигитална парична единица за повеќе од 20 отсто.

Битфинекс берзата соопшти дека ги суспендирала сите трансакции откако е откриено дека биткоините на некои клиенти се украдени, јави агенцијата АФП.

„Денес откривме дека е пробиен безбедносниот систем поради што моравме да го запреме целосното тргување на Битфинекс, да ги запреме сите положувања на депозити преку токени, како и повлекување на средства“, се додава во соопштението објавено синоќа на интернет страницата на оваа берза.

„Спроведуваме истрага поврзана со упад во системот како би утврдиле што се случило ...Ќе разгледаме различни опции за решавање на проблеми со загуби кои ги претрпеле купувачите подоцна во текот на истрагата“, пишува во соопштението. Компанијата замолила за трепение додека трае истражната постапка.

„Блумберг њуз“ извести дека хакер од платформата земал 119.756 биткоини, или околу 65 милиони долари по сегашни цени.

Вредноста на оваа валута паднала денес под 482,82 долари од вчерашното ниво од 603,06 долари, според податоците на „Блумберг њуз“, но денес попладне по азиско време пораснала на 539,53 долари.

Слично

Поврзани вести