Шојбле:Потребен е комесар за валута за членките на еврозоната
Волфганг Шојбле германскиот министер за финансии побара да се воспостави функција комесар за валута за членките на еврозоната, со широки овластувања над националните буџети, во рамки на промените на основачкиот договор на Европската унија, за продлабочување на интеграциите и завршување на должничката криза во тој монетарен блок. На конференцијата за новинари во Абу Даби, Шојбле исто така ја поддржа реформата на Европскиот парламент, за да биде сигурен дека само законодавците од членките на кои се однесува одреден проблем можат да гласаат за него.
Слично
