Шојбле:Ако не заштеди доволно, нема европски кредити за Грција
Посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Атина не значи дека Грција по автоматизам ќе добие повеќе пари, вели германскиот министер за финансии Волфанг Шојбле.
Според Шојбле, прво треба да презентирана оценката на инспекторите од меѓународната тројка кредитори (Европска Комисија, Европска Централна Банка и ММФ), а потоа ќе се одлучи дали Грција ќе ја добие следната транша од заемот во висина од 31 милијарди евра.
Германскиот министер за финансии Волфанг Шојбле го поддржува притисокот врз Грција за спроведување на реформите и мерките за штедење.
Слично
