Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојбле во Грција: Реформите мора да продолжат!

Шојбле во Грција: Реформите мора да продолжат!
Не постои полесен пат за изведување на неопходните реформи во Грција, истакна денеска германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за време на посетата на Атина во екот на масовните улични протести. Министерот кој што допатува во Грција прв пат од финансиската криза во 2009 година, смета дека земјата има голем  напредок во во однос на напорите да го доведе во рамнотежа државниот буџет, но истовренено забележа дека презадолжената Грција нема друг избор освен тешки реформи. „Не постои друг начин за структурните и фискалните реформи. Полесен пат нема“, изјави министерот кој сепак додаде дека сеуште има доверба во тоа што го прави Грција, но се инсистира на реформите.

Германскиот министер за финансии денеска се сретна и со грчкиот премиер Андонис Самарас и со други високо позиционирани грчки функционери. Се очекува денеска да се потпише спогодбата за финансирање на инвестицискиот фонд во Грција од германската државна банка KfW.

„Откако фондот ќе почне со работа, Германија ќе биде подготвена во него да инвестира средства“, посочи Шојбле.

Грчката полиција претходно ги забрани демонстрациите во текот на посетата на Шојбле. Ова опозицијата го нарече "недемократска и фашисточка одлука". Како што најави полицијата, полициски кордон од над 4.000 полицајци го загради центарот на градот помеѓу 9 и 20 часот по локално време. Во областа под полициска контрола се и зградата на грчкиот парламент и плоштадот Синтагма - двете омилени места за организираните демонстрации против мерките за штедење. Портпаролот на СИРИЗА  остро ја критикуваше полициската одлука, нарекувајќи го ова незамисливо за еден европски град. Грција е приморана на серија тешки реформи, во замена за 240 милијарди евра помош од ЕУ и ММФ. Отказите и намалувањата на платите и пензиите тешко ги погодија граѓаните и предизвикаа масовни протести и штрајкови. Грција веќе шеста година е во рецесија, со невработеност од 27 проценти.
Слично

Поврзани вести