Шојбле: Светот ја поддржува Германија во однос на Грција
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле е уверен дека меѓународната заедница го поддржува ставот на Берлин во однос на грчката криза.
„Добиваме само одобрување, дури и на највисоко ниво“, коментира Шојбле за време на конференцијата на ММФ и Светската банка во Вашингтон.
Американскиот претседател Барак Обама ја повика Грција „да го направи она за што зборуваме и ние“, истакна германскиот министер за финансии.
Сепак Шојбле призна дека водечките економски држави ја сфаќаат потребата од балансирање на финансиската политика, за да се постигне одржлив раст во економијата.
Според зборовите на министерот за финансии на СРГ е потребно да се вложат напори за стабилизирање на финансиската политика и спроведување на структурните реформи, бидејќи високата задолженост на одделни држави претставува ризик за целата светска економија и може да предизвикаат „нова криза“.
