Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојбле: Судбината на Грција сеуште не е решена

Шојбле: Судбината на Грција сеуште не е решена
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и понатаму го одржува притисокот врз Грција, велејќи дека земјата треба да вложи уште многу напори за излез од кризата и дека нејзината судбината сеуште не е решена,  пишува Франс прес. „ Ние сакаме Грција да остане во еврозоната, но таа има уште многу работа. Сеуште ништо не е решено", изјави вчера Шојбле во интервју за германската телевизија „ZDF“. „Постојат сомневања дека Грција успеала да ги исполни сите свои обврски досега. Ваквите сомневања мора да се отстранат во иднина", додаде германскиот министер. Во средата Шојбле негираше дека има нешто ново во договорот со тројката кредитори - ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, откако грчкиот министер за финансии побрза да прогласи постигнување на согласност околу новите мерки за штедење од кои зависи доделувањето на меѓународната помош, што треба да ја спаси државата од банкрот.
Слично

Поврзани вести