Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојбле: Не прифаќаме грчко „не“!

Шојбле: Не прифаќаме грчко „не“!

Берлин нема да прифати еднострани измени на финансискиот пакет помош за Грција, изјавил германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Тој додал дека е подготвен да се состане со новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис.

„Сакаме Грција да продолжи да се движи по успешниот пат кој е во интерес на Грција и грчкиот народ, но нема да прифатиме еднострани измени на програмот за помош“, рекол Шојбле на самитот на членките на еврозоната во Берлин за Ројтерс .

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, кој овие денови ја посетува европската престолнина како би добил поддршка за постигнување на нов договор за грчкиот гас, денеска е во Лондон, каде ќе се состане со британскиот колега Џорџ Озборн, а утре би требало да отпатува во Рим, наведува Ројтерс.

Слично

Поврзани вести