Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојбле: Грција ќе почека за меѓународната помош!

Шојбле: Грција ќе почека за меѓународната помош!
Ќе доцни исплатата на следната транша од заемот за Грција, најави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле. „Во моментов не гледам како можеме да донесеме одлука за и со Грција до крајот на наредната недела. Тоа би било премногу рано. Не е се изгубено, но не е извојувана ни целосна победа“, потврдил Шојбле кој посочува дека многу прашања сеуште се отворени.

Траншата во вредност од 31,5 милијарди евра за Грција е замрзната од јуни годинава откако Владата го оддолжи усвојувањето на мерките за штедење и почна да поставува повеќе барања, меѓу кои и продолжување на периодот за фискално прилагодување за две години. Грција се надева дека на состанокот на министрите за финансии од еврозоната на 19 ноември, ке ја добие помошта.

 
Слично

Поврзани вести