Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шојбле: Грчките предлози се незадоволителни

Шојбле: Грчките предлози се незадоволителни
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека последните предлози на грчката влада за решавање на долгот се "незадоволителни" за меѓународните кредитори. "Предлозите на Атина се незадоволителни", посочи Шојбле, пренесе Билд. Тој рече дека е скептичен во врска со предлозите на Грција и би ги запрел преговорите со Атина, но германската канцеларка Ангела Меркел сака тие да продолжат. Во исто време директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека се надева за време на средбата на министрите за финансии на земјите во еврозоната да биде постигнат сериозен напредок во регулираеето на ситуацијата во грчката економија. "Денес сме тука за да постигнеме сериозен напредок", изјави за новинарите Лагард по пристигнувањето во Брисел.
Слично

Поврзани вести