Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЛАКАНИЦА ОД БРИСЕЛ: Нема минимални услови за избори, нема да ги признаеме!

ШЛАКАНИЦА ОД БРИСЕЛ: Нема минимални услови за избори, нема да ги признаеме!

Остра шлаканица доби Македонија од Брисел.

Во изјава за Дојче Веле, портпаролката на Евртопската Комисија Маја Коцијанчиќ со остар тон порачува дека  не се исполнети ниту минимум услови за фер и веродостојни избори и оти последните потези на политичките лидери „ќе имаат сериозни последици“.

„Во актуелните услови, било која влада која ќе резултира од избори во кои трите најголеми партии не учествуваат нема да биде кредибилен партнер за меѓународната заедница“, стои во изјавата на Коцијанчиќ.

Коцијанчиќ исто така потесетува дека за да бидат изборите признаени потребно е да се исполнат условите за прочистен избирачки список, медиумски реформи  и запирање на заканите и притисоците врз администрацијата. Но исто така мора да се преземат одлучни чекори за решавање на проблемите од владеење на правото, што пред се се однесува на повлекувањето на претседателската амнестија. Правдата мора да надвладее и тоа мора да биде видливо. Тоа е единствениот начин  да се врати довербата на граѓаните во институциите и да се стави крај на тензиите, вели Коцијачиќ.

Tаа нагласува дека политичките лидери потписнички на Договорот од Пржино треба да се зафатат со работа и предупредува на повлекување на препораката за пристапни преговори можеби уште веднаш по 5 јуни, но не се исклучени ниту други санкции.

Слично

Поврзани вести