Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шкотските полицајки муслиманки можат да носат хиџаб

Шкотските полицајки муслиманки можат да носат хиџаб

Во Шкотска има официјално одобрение за полицијата за носење на хиџаб.

Оваа мерка е со цел вклучување на муслиманките во редовите на полицијата. Претходно шкотските полицајки муслиманки можеа да носат  шамија откако ќе станеа началнички.

„Хиџабот ќе стане можен додаток на униформата. Целта е да се убедат муслиманките, кои досега размислуваа за кариера во полицијата, да ја преиспитаат одлуката“ - стои на интернет-страницата на шкотската полиција.

Полицајките во Лондон, во Манчестер и во други британски градови повеќе децении имаат право да носат хиџаб.

И Канада во вторникот дозволи носење на хиџаб за припадничките на федералната полиција.

Во последниот месец Франција е ригорозна и забранува на муслиманките да носат муслимански костими буркини на плажа, за што следуваат казни или во крајна линија апсења.

Слично

Поврзани вести