Производителот доброволно го повлече сирупот „Ефералган“
Производителот на сирупот „Ефералган“ доброволно решил да го повлече од продажба во сите земји каде се продава.
Сирупот кој е наменет за намалување на температурата кај деца вчера е повлечен и од аптеките во Македонија.
Францускиот произведувач решил да го повлече сирупот поради претпазливи мерки , а откриени се полиуретански четички во опремата за пакување.
Од продажба се повлечени серија лекови кои имаат рок на употреба заклучно со октомври 2018 година, и тоа П-1447, П-2581, П-4737, П-л6007 П-8419, П-9468, Р-1794, Р-1767, Р-2228, Р-2686, Р-3180.
Спорниот сируп се купува во аптеките без рецепт, а наменет е за намалување на температурата и смирување на благите и умерени болки кај децата кои имаат од 4 до 32 килограми. Несаканите ефекти може да се црвенило, алергиски реакции, замор.
