Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шиповиќ ќе чека пресуда во куќен притвор

Шиповиќ ќе чека пресуда во куќен притвор
Претседавачот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ и останатите деветмина осомничени во случајот за злоупотреби во фирмата „Машинопромет“ ќе бидат преместени во домашен притвор, одлучи судот на денешното рочиште. Обвинетите се во притвор повеќе од седум месеци, а судот сега донесе одлука за замена со поблага мерка. Најголем дел од нив се во притвор во Истражниот затвор -„Скопје“ од октомври, а Шиповиќ беше донесен еден месец подоцна откако беше екстрадиран од Австрија. Осомничени се дека од фирмата „Машинопромет“ проневериле еден милион евра. Судскиот процес за злоупотребите во фирмата „Машинопромет“ е во тек, сослушани се сите сведоци и се очекуваат уште завршните зборови. Шипович и претходно се обидуваше да излезе од притвор, нудејќи гаранции во форма на недвижен имот - негов и на првите луѓе на СДСМ, но судот ваквите понуди ги одби.  
Слично

Поврзани вести