Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шиповиќ уапсен во Виена: Опозицијата на протест – судот обвинува за притисок

Шиповиќ уапсен во Виена: Опозицијата на протест – судот обвинува за притисок
Претседавачот со општина Центар и осомничен во случајот Машинопромет, не го дочекаа во Скопје. Полицијата го уапси уште во Виена и покрај најавите дека се враќа дома. Опозиционерите излегоа на протест, од судот посочија дека им се врши притисок. Пред зградата на Основениот суд во Скопје претставниците на опозициската коалиција предводена од СДСМ и нивни симпатизери излегоа на протест поради како што велат, полицициско политичките апсења од страна на режимот на Груевски. На чело со опозицискиот лидер Зоран Заев, градоначалникот на Ценрар Андреј Жерновски, насобраните извикуваа и побараа слобода за Шиповиќ. Според лидерот Заев, целта на протестот не е да се врши притисок врз судството туку е порака да се почитува законот, и да се побара судиите да носта исправни одлуки. Посочи дека Шиповиќ не само што не сакал да побегне, туку се враќал назад. Најави и дека неговиот имот, и станот на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска ќе им бидат на располагање на судот како гаранција за Шиповиќ. „Целта на нашето барање пред Основниот суд Скопје 1, е да ја потврдиме нашата намера изразувајќи протест во знак на солидарност, не за да вршиме притисок врз судот, туку да пуштиме силна порака да се почитува законот во Македонија и да се охрабрат судиите кои носат одлуки, да се одважат при носењето на тие одлуки да ги почитуваат законските одредби“ изјави Заев. Од Основниот суд Скопје 1 попладнево издадоа соопштение во врска со разговорот на претседателот на судот со Заев , Жерновски, но и адвокатот Мирослав Вујиќ и пратеникот Оливер Спасовски. На средбата се посочува дека е разговарано за мерката притвор за Мирослав Шиповиќ во случајот „Претседавач“ и од судот било побарано „да се обрне особено внимание на понатамошно опстојување на мерката притвор поради функцијата која тој ја извршува во општина Центар“, стои во соопштението и се додава дека опозициомнерите укажале дека „мерката притвор доведува до блокирање на работата на општината“. Кривичниот суд повикувајќи се на членот 16 од Уставот, протестот го оцени како обид да  се вовлече судската власт во јавни политички уцени кон извршната и закондавна власт. Шиповиќ утрово го уапси австриска полиција на виенскиот аеродром по меѓународна потерница. Во судскиот затвор ќе остане неколку дена пред да биде вратен во Македонија. Во меѓувреме истражен судија му одреди 30 дневен притвор бидејќи се сомничи за злоупотреба на службената положба во „Машинопромет“ и за финансиски криминал од 1 милион евра. Фото: РСЕ
Слично

Поврзани вести