Шиповиќ уапсен на аеродромот во Виена
Мирослав Шиповиќ е уапсен при самото слетување на Виенскиот аеродром, јави порталот А1он.
Шиповиќ за ја потврдил оваа информација. За него имало распишано меѓународна потерница и сега се наоѓа, како што рече, во судски затвор. Според него, тука ќе го држат 2-3 дена па ќе биде донесен во Македонија.
„Се плашат од протести во Македонија против моето апсење кое е политички монтиран случај“, изјави Шиповиќ за А1он.
Шиповиќ вели дека е невин и ова се прави со намера да се скријат криминалите со „Скопје 2014“ и за да може власта да го напрваи последниот удар за да го добие Центар.
Ианку опозицијата за денеска, точно напладне, најави протести за поддршка на нивниот сопартиец пред Основниот суд Cкопје 1. Тие и преку Фејсбук страната за поддршка на Шиповиќ, ги повикаа сите симпатизери и поддржувачи да им се придружат.
Слично
