Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шиповиќ се врати на претседателското место во Советот на Центар

Шиповиќ се врати на претседателското место во Советот на Центар
Советничката група на СДСМ и коалицијата со аплауз го пречека Мирослав Шиповиќ на  денешната седница во Советот на Општина Центар. По осум месеци поминати во притвор, тој се врати на функцијата претседавач со Советот. Пред девет дена судот му ја прекина мерката притвор во случајот „Претседавач“, во кој Шиповиќ е обвинет за финансиски злоупотреби во фирмата „Машинопромет“. „Јас очекувам советот да работи нормално и во интерес на граѓаните. Претпоставувам дека сите одлуки ќе ги носиме заедно и во интерес на сите граѓани на општина Центар. Болката и тага на мојата фамилија и мојата лична болка и тага ќе се обидам да ги тргнам на страна и да не бидат пречка во работата на советот“, рече Шиповиќ. Со него, СДСМ и коалицијата повторно има мнозинство во Советот на Општина Центар . Додека советниците од СДСМ го поздравија неговото враќање, оние од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија просторијата додека Шиповиќ даваше изјава и не сакаа да го коментираат фактот што тој од денеска повторно е прв човек на Советот на оваа општина.
Слично

Поврзани вести