Шиповиќ не открива дали ќе гласа за ДУП, ама вели „Нема да дозволам да ме уценуваат!“
Нема да дозволам да бидам уценуван, изјави пред почетокот на денешната седница на Советот на општина Центар претседавачот со општинскиот Совет Мирослав Шиповиќ.
Тој не се изјасни децидно дали денеска ќе гласа „за“ или „против“ трите урбанистички плана што не ги прифаќа неговата матична партија СДСМ, ниту градоначалникот Андреј Жерновски, а ги предлагаат советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Сакам да нагласам дека никогаш нема да дозволам мојата судбина и на моето семејство да биде тема на политичко проофитерство, ниту на мојот СДСМ, ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Да ме интересираа пари, немаше да чекам осум месеци и да седам во притвор“, рече Шиповиќ.
Контроверзните урбанистички планови за Мал ринг, градска четврт-Капиштец и Тасино чешмиче - Водно се последна, 17-та точка на денешниот дневен ред на Советот на општина центар. Без гласот на Шиповиќ СДСМ нема мнозинство за да ги отфрли.
Слично
