Шиповиќ брзо ќе биде испорачан од Виена, Жерновски помош бара од дипломатите
Започна постапката за екстрадиција на претседавачот на општина Центар и првоосомничен во случајот Машинопромет, Мирослав Шиповиќ од Виена. Ова го потврди и министерот за правда Блерим Беџети кој вели дека Шиповиќ ќе биде екстрадиран во нормална постапка и се очекуваме брзо ќе биде испорачан во Македонија.
Од страна на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски беше испратено и писмо до дипломатско-конзуларните претставници кај нас. Во него тој ги запознава дипломатите за , како што вели, односот на власта кон општината и последните случувања како апсењето на Шиповиќ.
Тој во писмото забележува дека во време кога се чека Извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија во нејзините реформи и развојот на демократијата, се случува апсење кое според Жерновски, не и оди по полза на нашата демократија и приближувањето на РМ кон ЕУ и НАТО.
„Деновиве како и во изминатите неколку месеци откако опозицијата ја освои власта во општина Центар а јас бев избран за градоначалник, Владата на премиерот Никола Груевски и натаму продолжува со опструкции, со цел по секоја цена да направи пресврт во изразената волја на граѓаните на општина Центар“, пишува тој во писмото.
Во него објаснува и дека на локалните избори имало манипулации со гласачи, а дека, додава Жерновски, ВМРО-ДПМНЕ се служи со нелегални средства да го оневозможи функционирањето и реализацијата на програмата на општината и во неколку наврати организира протести пред општината.
„Последниот настан со кој е издаден налог за апсење на Претседателот на Советот на општина Центар Шиповиќ, ги поминува сите граници. Акцијата на МВР се нарекува Председавач, од каде јасно се гледа намерата на власта - да ја блокира работата на Советот на општина Центар“ додава градоначалникот на Центар.
Шиповиќ кој од САД се враќаше во Македонија, австриската полиција го уапси на Виенскиот аеродром. По екстрадициониот притвор и по завршување на правните процедури, ќе биде испорачан во Македонија.
Опозиционерите вчера на протест побараа тој да му биде дадено да се брани од слобода, а како гаранција сека нема да бега од земјава, дел од раководсвото најави дека ќе ги заложи своите имоти.
Слично
