Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шиповиќ на пат кон Македонија: Опозицијата најавува блокади, власта верува во судството

Шиповиќ на пат кон Македонија: Опозицијата најавува блокади, власта верува во судството
Доколку судот не ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ и неговите соработници, опозицијата ќе го замрзне учеството во Работната група за 24 декември, членството во ЗЕЛС, а опозициските советници нема да бидат дел од првата наредна седница на сите општински совети. Со овие механизми, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе се спротивставуваат на агресијата на власта. Тој го обвини премиерот Никола Груевски и владејачката партија дека со институционално насилство сакаат да ја преземат контролата во Општина Центар. За Заев, единствениот грев на Шиповиќ, претседавач на советот на Општина Центар е што не попуштил под заканите и притисоците на власта. „Партиските штабови на ВМРО ДПМНЕ инсталирани во Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство ја исполнија задачата. Го искористија случајот „Машинопромет" за да го обвинат и притворат Шиповиќ и неговите соработници.За дело кое наводно се случило пред повеќе години", смета Заев кој појасни дека фирмата „Машинопромет" е предмет на судски спорови повеќе од 10 години, а вели, Шиповиќ и да сакал не можел да учествува во евентуални финансиски малверзации затоа што главните дејствија се случиле пред неговото доаѓање во фирмата. Од СДСМ апелираа судот да ја укине мерката притвор за Шиповиќ и неговите соработници и да им дозволи да се бранат од слобода. „Само така власта ќе покаже дека целта е истрага за финансиски криминал, а не блокада на работењето на Општина Центар", рече Заев. Од ВМРО-ДПМНЕ пак реагираа дека немаат намера да се мешаат во работата на Јавното обвинителството и судовите. Според Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, никој не може да има поинаков третман само за тоа што е член или функционер на една или друга партија. „Ние немаме намера да се мешаме во работата на Јавното обвинителството и судовите во Република Македонија, како што воопшто не се мешаше кога истите институции притвораа и затвораа членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ осомничени за прекршување на законите. Барањето на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да се вмеша во овие работи и да издејствува ослободување од притвор на Шиповиќ, јасно е дека со СДСМ се уште владее Црвенковски и неговата школа. Не толку одамна, да ве потсетам, Црвенковски јавно објаснуваше како тоа премиерот треба да крене една слушалка и да заврши ваква работа. Ние разбираме дека тоа така се работело во време на СДСМ, но ВМРО-ДПМНЕ не работи на тој начин, ниту пак некогаш ќе работи“, изјави Димовски.  Шиповиќ: Се плашам, но сакам да верувам во правдата Претседавачот на советот на општина Центар, информираше дека утре во 11 часот и 40 минути со авионски лет од Виена слетува во Скопје. За порталот Плусинфо вели дека од интернет порталите разбрал дека му е одреден притвор во траење од 30 дена. „Се враќам доброволно, по сознанието дека сум баран се враќам во Македонија со првиот можен лет во кој имаше место. Се плашам, но сакам да верувам во правдата и затоа доаѓам“, вели Шиповиќ. По преседавачот на Советот на општина Центар полицијата распиша потерница како првооосомничен во акцијата „Претседавач“ . Полицијата го сомничи за случајот „Машинопромет“, со кој, наводно буџетот бил оштетен за еден милион евра.
Слично

Поврзани вести