Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов заработи тужба од Миле Јанакиески

Шилегов заработи тужба од Миле Јанакиески

Нарушен чест и углед е тужбата со која Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов бара отштета од 300 илјади денари.

Шилегов неодамна објави документи во кои тврди дека во семејната куќа на министерот во Прилеп се наоѓаат канцелариите на фирмата која ја гради канализационата мрежа во овој град.

„Која е врската помеѓу министерот и „Лудвиг Фајфер“. Проектот за прочистителната станица вреди 30 милиони евра, европски пари и пари од Буџетот на граѓаните на Република Македонија. Миле Јанакиески треба да објасни како токму странска фирма регистрирана во неговата куќа, добила милионски бизнис во проект координиран помеѓу Владата на Никола Груевски и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Како се случило од сите можни локации во Прилеп и низ Република Македонија, токму куќата на Миле Јанакиески во Прилеп да биде седиште на подружницата на германската компанија во земјава“, праша тогаш Шилегов.

Според имотниот лист, Јанакиески е сопственик на куќа од 355 квадратни метри, а на истата адреса во септември 2013 година е регистрирано и седиштето на германската компанија.

Миле Јанакиески не е единствениот кој поднесе тужба против портпаролот на СДСМ. Го тужат и Ставрески

Тужби за навреда и клевета против Шилегов имаат поднесено и министерот за финансии, Зоран Ставрески, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Слично

Поврзани вести