Шилегов треба да ù плати половина милион денари на Јанкулоска
Гласноговрникот на опозицискиот СДСМ Петре Шилегов ќе треба да и плати отштета од половина милион денари на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Судот денеска одлучи дека Шилегов ги нарушил честа и угледот на Јанкулоска со информациите изнесени на прес-конференции за станови кои таа наводно ги купила додека била функционер.
Шилегов не е изненаден од пресудата на Основниот суд - Скопје 2.
„Првостепената пресуда за мене беше очекувана, бидејќи е сè поочигледно дека кога во Македонија зборувате вистина која се однесува на функционери на ВМРО ДПМНЕ тоа чини пари“, изјави Шилегов по добивањето на пресудата.
Јанкулоска бараше отштета од милион денари од портпаролот на СДСМ.
Слично
