Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Скопје 2014 почнува да тоне, а на површина ќе останат само фекалиите

Шилегов: Скопје 2014 почнува да тоне, а на површина ќе останат само фекалиите

„Последните дождови покажаа дека Скопје 2014, мегаломанскиот проект на Никола Груевски, освен што е пералница за пари, станува реална опасност по безбедноста на граѓаните на Скопје. Два дена екипи на комуналните претпријатија дежураат во прескапо платените градби во центарот на Скопје и од нив вадат фекалии кои директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, реагираше денеска портпаролот на опозицијата Петре Шилегов.

Коментирајќи го последниот инцидент во строгиот центар на градот, тој вели дека предвидувањата на  експертите почнале да се потврдуваат.

„Додека архитектите и урбанистите предупредуваа од опасносностите, Груевски и неговите послушници заслепени од дебелите провизии продолжуваа да го урнисуваат центарот на Скопје.

И покрај сите ревизии и покрај сите докази за лошо спроведните планови за градба, досега никој не поднесе одговорност. Што уште треба да се случи за да некој понесе одговорност за загрозување на безбедноста на скопјани? До кога граѓаните на Скопје ќе стравуваат од најобичен дожд? Постои ли план за заштита на градбите крај Вардар? Јавноста мора да знае дали некои од објектите од мегаломанскиот проект, претставуваат закана за општата безбедност“, изјави Шилегов.

Тој ги повика сите институции да дозволат непречен пристап на новинарските екипи внатре во подрумите и темелите на објектите за граѓаните да видат како тие изгледаат.

„И наместо да и објаснат на јавноста што се се прави за заштита на градбите, власта преку нејзините послушници напаѓа и брка новинари кои известуваат за штетите од криминалниот проект. Но колку и да се трудат, не можат да ги сокријат катастрофалните последици од криминалниот проект. Скопје 2014 почнува да тоне, а на површина ќе останат само фекалиите и лагите и измамите на Груевски“, децидно порача портпаролот на СДСМ.

14315518_312509859110539_241158501_o

Имено, и денеска екипи на ЈП Водовод и канализација со бројна механизација ги чистеа шахтите во центар каде пукната главна канализациска цевка блокираше дел од градот.

img_3022

Меѓутоа, инвеститорот на градилиштето почна да се оградува со бетонски огради за да не се гледа што и како се гради.

img_3024

Градежен инспектор на општина Центар ја запре градбата, а ќе побара и ќе испитува дали инвеститорот има елаборат за заштита на градежната јама. Според нив инвеститор на објектот е „Волис Проперт“,  изведувач “Рапид Билд“, а надзор на објектот има „Поинт Дизајн“.

img_3031

Слично

Поврзани вести