ШИЛЕГОВ СКЕПТИК: Дали и Сашо Мијалков ќе ја извиси Анкетната комисија?
На денешната седница на анкетната комисија за скандалот со прислушувањето треба да сведочи поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Претседателот на комисијата Петре Шилегов е скептик.
Тој, не очекува дека Мијалков ќе се појави на сослушувањето како и претходните сведоци премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески.
Премиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески не се појавиja пред пратениците на Анкетната комисија образложувајќи дека имаат работни обврски и го презакажаа сослушувањето за 14 декември, односно 17 декември.
Мартин Протуѓер кој истотака требаше да сведочи вчера, ниту се појави пред комисијата, ниту достави писмено известување.
Слично
