Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Приоритет за Уставниот суд треба да биде уставноста на Законот за СЈО

Шилегов: Приоритет за Уставниот суд треба да биде уставноста на Законот за СЈО

Приоритет за Уставниот суд треба да биде уставноста на Законот за СЈО, смета портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Пратеникот на опозицијата вели дека  Уставниот суд ќе има можност да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство на утрешната седница со што има шанса да покаже дека правото и правната може да им бидат поважни од исполнувањето на желбите на Никола Груевски.

„Одговорноста за владеењето на правото и еднаквост на сите граѓани пред законот е многу поголема. Станува збор за тоа дали Македонија ќе ја надмине политичката, општествената и правната криза во којашто се наоѓа. Оттука, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО“, изјави Шилегов.

Тој додава дека мора да биде обезбедена и гарантирана непречена работа на единствената независна институција којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата, посочувајќи дека за излез од длабоката политичка криза потребно е итно да се обезбеди владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни фер, демократски и кредибилни избори.

Слично

Поврзани вести