Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Оние кои гласаа „за“ помилување на осудени за изборни измами се послушници на Груевски

Шилегов: Оние кои гласаа „за“ помилување на осудени за изборни измами се послушници на Груевски

Порпаролот на опозицијата и пратеник Петре Шилегов денеска на прес конференција говореше за судиите кои вчера гласаа „за“ претседателот да може да помилува осуденици за изборен криминал.

Шилегов ги соопшти имињата на како што рече, партиските послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд потенцирајќи дека истите биле изберени за судии во 2011/12 и 2013 година.

Судиите кои го „аминуваа“ предлог Законот за помилување се  Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојановски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски и според Шилегов тие наместо да го штитат   Уставот и уставниот поредок, партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава.

„Целата оваа операција на Никола Груевски е спроведена по експресна постапка од десетина дена. Иницијативата до Уставниот суд е поднесена на 5-ти февруари, петок. Предметот е започнат да сеработи на 8-ми февруари, понедленик. Допис до Собранието е испратен на 10-ти, а мислењето е добиено на 11-ти февруари. Целиот предмет бил комплетиран на 18-ти февруари, неполни две недели од поднесувањето на барањето. Одлуката за прифаќање на оваа иницијатива е донесена вчера, на 24-ти февруари, неполни 20 дена од денот на поднесување. Во нормална постапка за ова се потребни повеќе месеци“, потенцираше Шилегов.

Со оваа постапка, Шилегов вели дека   Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го признале изборниот криминал и изборните измами, затоа рече дека СДСМ нема да дозволи уште едни криминакни избори.

Слично

Поврзани вести