Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Од следната недела ГЕС ќе ја добие потребната лиценца

Шилегов: Од следната недела ГЕС ќе ја добие потребната лиценца

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, најави дека Градски енергетски системи, формираното градско претпријатие кое треба да ја превземе топловодната дистрибутивна мрежа, ќе ја добие потребната лиценца за работа.

– Одлуките на Советот на Град Скопје и на Акционерското собрание беа изминатиот четврток, се изработуваат, се објавуваат во јавното гласило и претставуваат правен основ да се јави „Градски енергетски системи“ пред надлежните комерцијални банки. Кога ќе се направи тоа, во текот на наредната недела очекувам дека ќе биде веќе формализирано барањето за добивање лиценца за дистрибуција – рече Шилегов.

Претпријатието ќе стартува со 110 вработени и допрва ќе го екипира кадарот. Воедно Шилегов најави и намалување на цената на парното кога ќе бидат завршени сите процедури.

– Очекувам дека ќе дојде до намалување на цената, со оглед на тоа што Градот во изминативе две години работи со една поинаква филозофија, а тоа е филозофија на добар стопанственик и на економично работење и јавни набавки во рамки на Градот. Сите постапки што сме ги воделе се во просек за дваесетина проценти поевтини во однос на минатото – вели Шилегов.


Слично

Поврзани вести