Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов очекува топловодната мрежа да биде легализирана до крајот на септември

Шилегов очекува топловодната мрежа да биде легализирана до крајот на септември

Петре Шолегов, градоначалникот на Скопје, семта дека постапката за легализација на топловодната мрежа за парно-герење ќе биде завршена до крајот на септември со што ќе се исполни условот Градот да ја превземе како сопственик, бидејќи како што вели тој, таа сега е дивоградба и нема имотен лист.

Според Шилегов, Град Скопје преку новоформираното претпријатие ќе биде само сопственик на дистрибутивната мрежа, додека гасот, односно снабдувањето со енергија ќе биде задолжение на компаниите и топланите.

„Ние треба да бидеме креатори на енергетската политика, да ги донесуваме одлуките, на пример, во кој дел од градот ќе биде поисплатливо да се гради топловод или гасовод. Тоа е во интерес на развојот на градот, но уште поважно за одржливиот развој на чист град без загадување“, смета Шилегов.

Со мрежата е покриено само 23 отсто од површината на главниот град, а само 17 отсто од домаќинставата користат парно-греење.

„Уште една потврда дека Градот Скопје мора да биде стопанисувач со топловодната мрежа е фактот дека три децении никој не се нафатил да изгради два километри цевковод со кој Топланата Север ќе ја приклучи на другите и целосно ќе го спои градскиот систем. Сега Север е изолиран остров, работи нерентабилно, цените се за 40 отсто повисоки од тие на БЕГ и поради тоа има само околу 700 приклучени домаќинства“, вели Шилегов.


Слично

Поврзани вести