Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Нема да дозволиме Собранието на РМ да стане партиска подружница на Груевски

Шилегов: Нема да дозволиме Собранието на РМ да стане партиска подружница на Груевски

СДСМ и јас како претседател на Анкетната комисија нема со нишо да дозволиме, Собранието на Република Македонија да стане партиска подружница на ВМРО-ДПМНЕ и да биде исполнител на желбите на Никола Груевски, изјави денеска портпаролот на СДСМ и претседател на анкетната комисија за прислушување Петре Шилегов.

„Анкетната комисија и СДСМ нема да дозволиме да бидат верификатор на криминалот и незаконитоста на работењето на Никола Груевски“, додаде тој образложувајќи дека тоа  се однесува по однос на двете денеска доставени барања од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ едно до претседателот на Собранието за свикување седница на Анкетната комисија за скандалот со прискушуваните разговори и другата за формирање на некаква си нова Комисија за така наречената фабрика за афери којашто не е еништо друго туку е евтин пропагандистички трик ан ВМРО-ДПМНЕ со цел да се избегне нивната одговорност, одговорноста на нивните функционери со евидентните, дури и докажани криминали и корупција за којашто цел беше и постигнат договорот од Пржино, беше и формирана Анкетната комисија.

„Евтините пропагантистички теории на ВМРО-ДПМНЕ не може и не смеат да бидат предмет на анализа и работа во Собранието на Република Македонија“, изјавил Шилегов.

Слично

Поврзани вести