Шилегов на Фејсбук: Ги вративме мандатите кај граѓаните
Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов синоќа на Фејсбук објави дека социјалдемократите ги вратиле освоените пратенички мандати кај граѓаните. „Во Македонија, после долго време, демократијата ја покажа целата своја убавина. Мандатите им ги вративме на граѓаните“, напиша Шилегов откако кандидатите на СДСМ за пратеници на нотар потпишаа дека се откажуваат од мандатите.
И ЛДП синоќа официјално донесе одлука да го следи овој чекор. Нивните пратеници избрани на заедничките листи со СДСМ ќе се откажат од мандатите, исто како и оние на НСДП.
Одлуката за враќање на пратеничките мандати опозицијата ја донесе за да искаже протест и непризнавање на изборите.
Слично
