Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Молкот на Груевски е запрепастувачки за меѓународната заедница

Шилегов: Молкот на Груевски е запрепастувачки за меѓународната заедница

Последната силна порака која денеска пристигна од претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во која што јасно се посочува дека средбата која требаше да се одржи во четврток во Брисел е откажана поради развојот на ситуацијата во Македонија покажува дека премиерот Груевски е  политички изолиран од меѓународните авторитети, изјави на денешната прес конференција Петре Шилегов.

„Очигледно дека молкот на Никола Груевски и неговите соработници по скандалите со прислушувањето, местењето судии и судски одлуки, обелоденетиот политички монтиран процес проследен со изживување, е запрепастувачки не само за домашната јавност туку и за меѓународната заедница и политичките структури во меѓународни рамки. Наместо да се соочи со јавноста, Груевски неодговорно, се обидува да манипулира скриен зад сервисот Јутјуб. Непосредно пред веќе откажаната средба со Јункер, еврокомесарот Хан предочи дека е доведена во прашање „репутацијата“ на Македонија. Ако се земе предвид официјалниот став на Европската комисија за потребата од владеење на правото, почитување на основните човекови права и слободата на медиумите, за коишто децидно е наведено дека се прашања за коишто едноставно „не се преговара“, повеќе од јасно за сите е дека во Македонија не постои минимум државен капацитет за овие суштински потреби - посочува  портпаролот на СДСМ.

Слично

Поврзани вести