Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Каде сé има фирми Мијалков?

Шилегов: Каде сé има фирми Мијалков?
Дали освен во Чешка и Панама, првиот човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков води бизниси и преку други „рајски“ земји, праша портпаролот на СДСМ Петре Шилегов на денешната пресконференција, само ден откако Мијалков најави дека ќе го тужи за клевета и ги демантираше неговите наводи дека поседува фирма во Панама. „Дали Сашо Мијалков кружи и преку штедниот девизен рај Швајцарија? Поконкретно Лугано? И дали можеби директорот на УБК по овој пат влегол во фирми во Македонија од коишто се богати?“, праша Шилегов. Управителите на панамската фирма „Тасига Корп“, која е сопственик на чешката фирма „Миртланис“ што неодамна ја продаде Мијалков, се и управители на две оф шор фирми во Швајцарија кои, пак, влегле во две фирми – „Ексико“ ДООЕЛ и „Орка Холдинг“ А.Д. Скопје од Македонија, тврдат од СДСМ, повикувајќи се на податоци од централните регистри на Панама и Швајцарија достапни на интернет. Ако сте сигурни дека постои криминал, пријавете, а не манипулирајте, одговори Мијалков на обвинувањата од опозициската партија. Тој вели дека е подготвен да соработува со обвинителството ако постојат некакви докази против него. „Добро е што СДСМ признава со ваквите настапи дека ништо не знае, но лошо е што не постои капацитет и мора по илјада пати да се повторуваат одговорите. Еве го пак одговорот. Не сум тоа јас почитувани политички опоненти. Доколку имате какви било дилеми за нешто незаконско, барем еднаш покажете респект кон институциите на Р. Македонија. Не прашувајте и не манипулирајте туку пријавете", пишува Мијалков во реакцијата.      
Слично

Поврзани вести