Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Јавноста стана сведок кој го урнисал уставниот поредок на земјава

Шилегов: Јавноста стана сведок кој го урнисал уставниот поредок на земјава

Откако премиерот Груевски не се произнесува со коментари за последниве случување во врска со материјалите и снимките кои ги објавува опозицијата денеска од СДСМ на прес конфернеција истакнаа дека сето тоа потврдило дека Никола Груевски прислушувал во Македонија, заедно со неговиот братучед, директорот на УБК, Сашо Мијалков.

„Груевски потврди дека тој и неговите најблиски соработници направиле упад во правосудството: местеле обвинителско - судски одлуки, избирале и разрешувале судии по партиска подобност.Тоа го говори бегството на Никола Груевски од коментар на скандалозните содржини на прислушуваните разговори. Тоа го потврдува и молкот на неговите најблиски соработници, диригентите во судството, Мијалков, Ставрески, Јанкулоска. Безуспешно Груевски се обидува со манипулации“, изјави Петре Шилегов на денешната прес конференција Тој потенцираше дека вчера јавноста станала сведок кој го урнисал уставниот поредок на Република Македонија а тоа според опозициата тоа се Груевски и неколкумина негови соработници. „Меѓу нив, запрепастувачки е и Јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој е платен од граѓаните на Македонија да ги штити нивните интереси. Зврлевски наместо да покрене постапка за скандалозното прислушување и упадот на извршната во судската власт, денеска со неговата изјава само потврди дека е партиски, а не јавен обвинител на Република Македонија“, велат од опозицијата.

Слично

Поврзани вести