Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Ја прекинав седницата на Анкетната, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори во фарса

Шилегов: Ја прекинав седницата на Анкетната, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори во фарса

Претседателот на анкетната комисија за прислушување денеска ја прекина седницата, бидејќи како што вели ВМРО-ДПМНЕ ја претворило во фарса.

„Анкетна комисија постои за да граѓаните видат и чујат кој и за што носи политичка одговорност, да ги чујат аргументите, прашањата и одговорите. Анкетна комисија не постои за да власта се крие зад затворени врати и да се крие од граѓаните, новинарите и јавноста. ВМРО-ДПМНЕ одлучи дека ќе продолжи да бега и да се крие. Ние од опозицијата одлучивме дека тоа нема да го дозволиме“, изјави Шилегов.

Тој потсети дека досега ниту еден од четворицата сведоци од ВМРО-ДПМНЕ кои беа повикани не се појавија пред Анкетната комисија да дадат исказ и то денеска Анкетната комисија го констатираше.

Шилегов тврди дека тоа се едни од  главните актери од аферата за прислушувањето, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиевски и Мартин Протогер.

Додека пак, премиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески, вели Шилегов, дојдоа на седницата на сослушување но зад затворени врати, а само криминални политичари се кријат зад затворени врати и бегаат од јавноста, обвинува претседателот на Анкетната.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/UUWCmDGEvLQ[/embed]
Слично

Поврзани вести