Шилегов: Иванов сфати дека инвестиции има само во главата на Груевски
Петре Шилегов испорача повеќе критики кон власта за очајната инвестициска политика и неповолната бизнис клима, бидејќи во 2016-та досега влегле само околу 130 милиони долари странски инвестиции.
Дури и Иванов ја сфатил лошата економска политика и дека успешност на инвестициите постои само во главата на Груевски, вели Шилегов за критиките кои претседателот ги искажал на Амбасадорскиот совет против неспособните економски промотори кои ја чинат државата милиони евра во плати и ангажман, а не носат никаков бенефит, туку се само наградени од својата партија.
На странските инвеститори поважно им е дали Македонија е правна држава отколку дали над владата лета цепелин со порака Инвест ин Маседониа. На странските инвеститори поважно им е дали некој ќе ги остави да работат без да ги рекетира, отколку дали Владата ќе дели македонски пасоши на затвореници од калибарот на Субрата Рој, заклучи Шилегов.
Слично
