Шилегов и Канческа-Милевска ќе се сретнат на суд?
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска ќе се соочат во суд, каде што Канческа-Милевска го тужи Шилегов за клевета.
За денеска е закажано рочиште за распит, на кое се очекува да бидат сослушани и двете странки.
Канческа - Милеска бара надомест на штета од 11.000 евра заради изречени невистини за активностите преземени како дел од проектот Скопје 2014-та.
Шилегов го тужеше и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која во спорот пред првостепениот суд за клевета доби надомест од 8.000 евра.
Слично
