Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Груевски го снимале пропагандистите кај преминот со име Караманлис

Шилегов: Груевски го снимале пропагандистите кај преминот со име Караманлис

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на Фесјбук пишува дека по неофицијални средби со претставници на ЕПП, каде е примен како ФИРОМ,  Никола Груевски, го снимале пропагандистите кај преминот со име Караманлис.

„Големите лаги на малиот Никола: Откако ќе ве најават за гостин во Европарламентот во Брисел, одите во една просторија, каде што, со аеродромски јазик кажано се чекирате и ви даваат налепница дека сте гостин (малиот Никола ја имаше извадено, да не го срами). Потоа, проаѓате скенерска контрола (пак како на аеродром) и влегувате во зградата. Од она што го видов, снимката на изјавата на Груевски е направена на третиот спрат од зградата, кај преминот кој се вика Константин Караманлис (сиц). Тука е дозволено снимањето на сите акредитирани новинарски екипи. Официјалните средби и снимки од нив (со претседателот на ЕПП и еврокомесарот Хан) се остваруваат и снимаат на друго место. И на сосема поинаков начин. Кафе пиење по канцеларии и сликање по ходници, не е официјална средба. На средби на маргините, не се дискутираат сериозно сериозни прашања. Латентно. Го прашале: што правиш, како си, те закача ли Катица, ама изгледа многу ти е страв од неа и слично“ - пишува Шилегов на Фејсбук.

Тој наведува дека во ЕПП (Европска Народна Партија), ВМРО-ДПМНЕ е примено како партија од ФИРОМ.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Брисел, каде се сретнаа со високи претставници.

Слично

Поврзани вести