Шилегов го стресе здравството, Тодоров ќе го истражи случајот, нема реакција од Талевска и Визарис!
Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов презентираше официјален документ од Бирото за јавни набавки, кој покажува дека министерството на Никола Тодоров склучило договор со фирмата во која мнозински сопственик е мајката на Ивона Талевска, во вредност од 62.701.048 денари.
-Тоа е зделка од милион и 28 илјади евра со фирмата Визарис МКД, чија сопственичка е Лимба Талевска, а лице за контакт самата уредничка на Сител и главен и одговорен уредник во весникот Вечер, Ивона Талевска. Милион евра, пари на граѓаните, завршиле или ќе завршат на сметката на фирмата на Талевска. Значи, додека едни новинари скапуваат по затворите, многумина новинари професионалци се на улица, некои чесно едвај доаѓаат до егзистенција, а други ги одработуваат агендите на власта за нецели 200 евра, оваа напредна уредничка, бизнисмен, лице за контакт, Ивона Талевска, помага да се таложат државни пари на семејно конто- рече Шилегов.
Бизнисот од 40 илјади евра за кој вчера објавивме документи е ситница во однос на бизнисот од милион евра на фирмата на новинарката Ивона Талевска со Министерството за здравство за кој денеска ви презентираме документи, рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.
Реакција Тодоров
Министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека му е жал што во случајот со набавката на медицинска опрема од фирмата поврзана со уредничката на Сител и Вечер Ивона Талевска се прави проблем од еден тендер во кој, вели Тодоров, се е законски.
„Постапката е спроведена целосно законски и согласно сите позитивни законски норми. Не се согласувам со промените кои се настанати по склучувањето на договорот. Разочаран сум затоа што од еден многу добар проект, од еден тендер кој резултираше со склучување на договор, кој требаше да донесе дигитални апарати во јавните здравствени установи и да се оневозможи една пракса на постојано купување на скапи филмови, еден бизнис на практично исцедување на средства од ЈЗУ, настана ситуација која би ја окарактеризирал како малку неетична, иако е целосно во согласност со законот“, потенцира Тодоров.
Тој соопшти дека го разгледале целиот случај уште еднаш со цел да се утврди дали е целосно испочитуван договорот, дали е постапено во се, онака како што предвидува договорот. „Ако не е постапено и ако има определени повреди во обврските предвидени со договорот, со сигурност ќе преземеме мерки“, посочи Тодоров.
Реакција МАН
Македонската Асоцијација на новинари – МАН бара опозициската партија СДСМ да престане да ја напаѓа уредничката на Сител и Вечер само од една причина – дека нејзината мајка била партнер со странска компанија која се занимавала со медицинска опрема и истата ја пласира во Македонија.
Од МАН додаваат дека никој нема право да ограничува членови на семeјство на новинарите со што ќе се занимаваат, особено кога е тоа согласно законот.
Инаку денеска фирмата Визарис не се јави со нова реакција, откако вчера по објавата за тендерот од 40 илјади евра најави тужби за опозиционата партија.
Слично
